Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов имаше средба со началникот на СВР Штип Марјан Коцев.
Целта на оваа средба беше да се воспостави ефективна координација на надлежностите. На овој начин ќе се олеснат постапките за делување на општинските служби.
Полесно и побргу граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и да ги решаваат своите проблеми со пријавување во надлежните служби во општината. На овој начин, со ефективна и координирана работа на СВР Штип и општинските служби ќе владее ред во градот.