Навистина ни е жал затоа што ВМРО-ДПМНЕ е против замената на стариот систем за греење на дрва, во клонот „Пчелка“ од детската градинка „Вера Циривири Трена“ кој е налик на системите за греење од 19 век и прави загадување на животната средина.
Неаргументираните изјави и соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ, партија којашто кога беше власт, една шајка не закова во образовните институции, нема да не спречат да продолжиме да инвестираме во подобрување на условите на истите.