Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, по повод големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион, и до сите верници од православна вероисповед упати честитка, во која се вели:
„Почитувани сограѓани,
Упатувам искрени честитки за Рождеството Христово Божиќ до сите вас, кои го чествувате овој голем православен христијански празник, во мое и во име на Општина Штип.
Заеднички да ги негуваме единството и искрените пријателства и да продолжиме по патот на мирот и спокојот.
Имајте многу топлина и љубов во семејствата.
Христос се роди!,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.