Очекувано е ВМРО ДПМНЕ да не знае што е развој во континуитет, продолжување на мерки и проекти кои се од интерес на граѓаните, на истите тие граѓани од кои оваа партија избега на изборите во Штип.
ВМРО ДПМНЕ никако да сфатат дека едноставно постојат работи кои се над личните и партиските интереси, а тоа е грижата за граѓаните, за градот.
Оваа партија најмалку може да обвинува за не единство, зошто ваквите лаги им беа демантирани на самите избори за градоналачник, но таа вистина не им одговара.
Како човек целосно реализиран во мојата професија како доктор, и како човек кој како градоначалник апсолутно се посветува на потребите и барањата на штипјани, сметам дека е под секое ниво енергијата да се троши на евтини обиди за политизирање на локалните прашања.
Штип и штипјани заслужуваат многу повеќе од водење на дневно празна партиска политика, посебно за работи кои се клучни за развојот на градот.