ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Штип станува модерен град. Дека меѓу приоритети на градот е чиста околина, чист град, нешто што во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, беше незамисливо.
Акцијата за отстранување на хаварисани возила, гаражи, шупи е најавена одамна и дека таа се однесува за сите, без исклучок.
ВМРО ДПМНЕ уште еднаш покажа дека тие умеат да продаваат само гол популизам, лаги, невистини – со еден збор се она што практично го краси ВМРО ДПМНЕ. Откако го запустија Штип, сега не можат да се помират со фактот дека Штип повторно го враќа сјајот. Градот под Исарот колку и да не сакаат од ВМРО ДПМНЕ ќе биде модерен, чист, зелен, град каде наместо хаварисани возила и шупи ќе има игралишта за деца, зеленило и се она што доликува на модерен град.
Почитувни, бидете сигурни дека Штип е во сигурни раце, а така и ќе остане.