реконструкција на главна водоводна линија на улица “Петар Поп Арсов”во населба Железничка
Општина Штип продолжува со инвестирање во подземната инфраструктура низ сите населени места во нашиот град. Денес екипите на ЈП Исар започнаа со реконструкција на главна водоводна линија на улица “Петар Поп Арсов”во населба Железничка. Со оваа реконструкција во вкупен износ од 3.800.000 денари, се решава долгогодишниот проблем на жителите со честите дефекти и намалениот притисок…