Средба на Градоначалникот Иван Јорданов со Амбасадорот на спортот на Општина Штип Бобан Николов

Бобан Николов е вистински спортски амбасадор на Општина Штип. Минатата година Бобан испиша историја за фудбалот и спортот во нашиот град. Одличните настапи во дресот на Македонската фудбалска репрезентација, настапот на Европското првенство, како и настапите во Лига на Шампиони за фудбалскиот клуб Шериф Тираспол, ќе бидат вечно запишани во спортските архиви на Општина Штип.…