Завршен првиот опфат од конзолата на улица Васил Главинов

Првиот опфат од конзолата на ул. Васил Главинов, со уредувањето на тротоарската површина е во завршна фаза. На ова следува поставување на заштитна ограда долж целото корито на р. Отиња низ централното градско подрачје.   Втората фаза на конзолното решавање на сообраќајниот метеж во Штип, ќе се реализира за многу краток временски период и за тоа, општината ќе издвои 7.000.000 денари сопствени буџетски средства. Оваа година ќе работиме на урбанизација и уредување на центарот на нашиот град, за да обезбедиме соодветни услови за квалитетен живот за секој граѓанин.