Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, денес направи увид во градежните работи за реконструкција на кровот на Дом на млади.
Посебно залагање на Градоначалникот е токму оваа институција која во наредниот период ќе биде мета на реконструкции и нови проекти. Наредниот период во Дом на млади ќе биде уреден и дворот во кој ќе се одржуваат многу културни и креативни работилници, многу ликовни изложби, промоции на домашни македонски филмови, ликовни и музички секции за најмладите.