![]()
![]()
ОПШТИНА ШТИП Е ЕДЕН ОД 27 ГРАДОВИ ШТО ИНИЦИРААТ ПРОМЕНИ СО URBACT PIONEERS ACCELERATOR
Општина Штип е меѓу 27 градови и општини од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија избрани како дел од програмата URBACT Pioneers Accelerator.
URBACT е програма за европска територијална соработка, активна од 2002 година, која им помага на градовите да развијат одржливи решенија за урбаните предизвици преку вмрежување, споделување знаење и градење капацитети. Програмата е кофинансирана од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) со буџет од 79.769.000 евра, од Инструментот за претпристапна помош (IPA) со буџет од 5.000.000 евра и од Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка со буџет од 2.000.000 евра за периодот 2021–2027 година.
Преку URBACT Pioneers Accelerator, нова програма за учење по мерка, URBACT им овозможува на градовите од земјите кориснички на IPA да се справат со предизвиците на одржливиот урбан развој.
Овие пионерски градови се справуваат со итни урбани предизвици низ шест основни теми: развој на одржлив туризам, урбана природа (заштита на животната средина), социјална инклузија, работни места и поддршка на мали и средни претпријатија, одржлива мобилност и управување со отпад, со посебен акцент на ефикасни пристапи кон комуникација и вклучување на засегнатите страни.
Еве ја целосната листа на 27 пионерски градови
|
Тематски кластер |
Град |
Држава |
|
Мобилност |
Општина Аранѓеловац | Србија |
| Суботица – Јавно претпријатие ПЕРМУФС | Србија | |
| Град Сремска Митровица | Србија | |
| Град Тузла | Босна и Херцеговира | |
| Општина Тиват | Црна Гора | |
| Општина Химара | Албанија | |
|
Управување со отпад |
Општина Штип | Северна Македонија |
| Општина Херцег Нови | Црна Гора | |
| Општина Бачки Петровац | Србија | |
| Град Нови Пазар | Србија | |
| Општина Камза | Албанија | |
| Град Мостар | Босна и Херцеговина | |
| Требиње – Развојна агенција – ТРAДЕА | Босна и Херцеговина | |
| Урбана природа | Град Сараево | Босна и Херцеговина |
| Град Бијељина | Босна и Херцеговина | |
| Град Бања Лука | Босна и Херцеговина | |
| Град Добој | Босна и Херцеговина | |
| Општина Никшич | Црна Гора | |
| Општина Виница | Северна Македонија | |
| ГрадЗрењанин | Србија | |
| Град Крагуевац | Србија | |
| Град Ниш | Србија | |
|
Одржлив туризам |
Општина Каканј | Босна и Херцеговина |
| Град Широки Бријег | Босна и Херцеговина | |
| Општина Лежа | Албанија | |
| Град Смедерево | Србија | |
| Сента | Србија |
Секој учеснички градќе добие 35.000 евра од ЕУ преку URBACT, за да се поддржи нивното учество во програмата, вклучувајќи ја и реализацијата на мали пилот-проекти кои придонесуваат кон нивните цели за одржлив урбан развој.
Програмата Pioneers Accelerator претставува одлична точка за влез за градовите со малку или без претходно искуство во проекти финансирани од ЕУ, нудејќи структуриран и поддржувачки амбиент за развој на влијателни иницијативи. По завршувањето на процесот на учење, градовите и јавните службеници во општинските администрации ќе стекнат практично знаење и ќе развијат капацитет да дизајнираат и реализираат проекти за урбан развој во согласност со глобалните и ЕУ стандарди и политики за одржлив урбан развој.
Во период од 18 месеци (април 2025 – септември 2026), учесничките општински тимови ќе се вклучат во процес на учење базиран на интегрираната и партиципативна метода на URBACT, кој вклучува меѓународни студиски посети, кампови за учење од врсници и развој на видливи мали пилот-проекти.
Програмата ги позиционира учесничките градови како регионални лидери во одржливата урбана политика. Применувајќи интегрирани пристапи и во тесна соработка со граѓаните и засегнатите страни, тие покажуваат како дури и малите и средни општини можат да спроведат видлива и системска промена.
Додека општина Штип го започнува овој процес на учење, градот е посветен на развивање нови капацитети, создавање значајни партнерства и поставување темели за долгорочна и одржлива урбана трансформација која може да инспирира слични иницијативи низ регионот.
Повеќе информации за оваа и другите URBACT иницијативи се достапни на веб-страницата на URBACT:www.urbact.eu.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Никола Илиев, општина Штип, тел.078 302 651 e mail : ilievnikola30@yahoo.com






