На 2 октомври 2025 година, во просториите на Општина Штип се одржа првиот состанок со засегнатите страни (стејкхолдери) во рамки на проектот за подобрување на управувањето со отпад, кој Општината го спроведува преку URBACT Pioneers Accelerator програмата.
На состанокот, координаторот на проектот, Никола Илиев, ја претстави програмата URBACT, целите на проектот и досегашните активности на Општината во насока на унапредување на одржливи урбани политики и управување со отпад.
Присутните претставници од јавниот сектор, ЈП „Исар“ Штип, НВО организации, Универзитет „Гоце Делчев“ и Детските градинки и Основните училишта, имаа можност да се запознаат со тековните активности и да дискутираат за можните насоки на понатамошна работа.
Во рамки на дискусијата, беше предложено учесниците на следниот состанок да изнесат свои предлози за пилот-активност, меѓу кои и разгледување на идејата за набавка на сензори за паметни канти за комунален отпад, како и можност за развој на други иновативни решенија за унапредување на јавната хигиена.
Општина Штип останува посветена на промовирање на одржливо управување со отпад и вклучување на заедницата во процесот на креирање на локални политики за почиста и поеколошка средина.






