Даноци, Царини и други стимулации
- 10 ГОДИНИ ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА – Инвеститорите во ТИРЗ се ослободени за период од 10 години од плаќање на данок на добивка и 100% се ослободени од персонален данок на доход за период од 10 години, така што ефективната стапка на персоналниот данок на доход изнесува 0%.
- Земјиштето во ТИРЗ во Република Македонија се дава под долгорочен закуп за период до 99 години.
- Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи.
- Бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа.
- Владата на Република Македонија учествува во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ во висина до 500.000 евра, во зависност од бројот на нови вработувања и висината на инвестицијата на корисникот.
- Царински зелен канал за стоките.
Предности и стимулации
ЦАРИНА
СТОКИ |
СТАПКА НАДВОР ОД ЗОНИ |
СТАПКА ВО ЗОНИ |
Суровини |
0% – 15% |
0% |
Опрема |
5% – 20% |
0% |
ДАНОЦИ
СТОКИ |
СТАПКА НАДВОР ОД ЗОНИ |
СТАПКА ВО ЗОНИ |
Данок на додадена вредност |
18% |
0% |
Данок на добивка |
10% |
0% за 10 години |
Персонален данок за доход |
10% |
0% за 10 години |