Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј на посета во Општина Штип.
Се разговараше за проектите кои општината ги реализира од европските фондови, но и за трговската соработка меѓу Велика Британија и Северна Македонија.
Во наредниот период со тимот на амбасадорката Галовеј ќе соработуваме за да се воспостави онлајн форум со компаниите, а со цел да се изнајдат комуникации и партнери во Велика Британија.