Одделението за образование и јавни дејности ги врши следните работи:
- ги следи законските и подзаконски акти од надлежната област и истите ги применува;
- изготвува општи и поединечни акти од надлежност на Советот на општината и градоначалникот од областа на образованието, културата, спортот, социјалната, детската и здравствената заштита согласно закон
- ги следи состојбите во областа на образованието – основно и средно, основање, финансирање и администрирање на истите во соработка со централната власт;
- институционална и финансиска подршка на културните институции, негување на фолклорот, обичаите старите занаети и слични културни вредности;
- организирањето на културни манифестации, потикнување на културното творештво;
- развој на масовен спорт, рекреација и студентски спорт;
- организирање на спортски приредби и манифестации; подршка на систем на натпревари, училишен и студентски спорт;
- реализира активности од областа на здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; надзор над заразните болести;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината;
-
реализира активности од областа на социјалната заштита и заштитата на деца;