Општина Штип годинава при организирање на манифестацијата „Спортист на годината“ за изминатата 2022 година, воведе нова категорија меѓу наградите за најдобрите спортисти на годината. Тоа е категоријата најуспешна жена – спортистка. Прво вакво признание за 2022 година, доби Бојана Манева, државен првак во карате. Наградата ја додели координаторката за еднакви можности на Општина Штип, Снежана Санева. Честитки од срце и многу успеси во иднина на
првата најуспешна жена – спортистка за 2022 година на Општина Штип. Ова е значаен чекор напред кон родовата рамноправност на полето на спортот.СПОДЕЛИ