Заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), Општина Штип на ден 11.05.2022 год. (Среда) ќе спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти на територијата на општина Штип преку овластена фирма, со цел уништување на глодарите (стаорците). Дератизацијата ќе се врши во периодот од 18:00 до 23:30 часот.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени 160 канализациони шахти на територијата на Општина Штип.
Третирањето ќе се изведува со препаратот ДЕРАТИОН ПАРАФИНАТО со активна супстанца 3-[3-[4-(4-(ВготорИепу1)рИепу1]-3-Иус1гоху-1-р11епу1ргору1]-2-11ус1гохусИготеп-4-опе.
Во случај на неповолни временски услови (дожд и др.) дератизацијата се одложува за следниот поволен ден.
Воедно, се известуваат сите граѓани во општина Штип за внимателно учество во сообраќајот.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22