На 7 и 8 декември во Скопје се одржа Годишната конференција за децентрализација на тема „Граѓаните во фокус: Креирање иднина со поквалитетни локални услуги“ , во организација на UNDP.
На дводневната конференција беа отворени повќе различни панел дискусии за степенот на децентрализација и за добрите практики во локалното управување.
На вториот ден од Конференцијата третата и последна сесија на Конференцијата беше посветена на родовата еднаквост, на тема : „Глас на промени, унапредување на родовата еднаквост во локалните заедници“. Покрај учесничките Кристина Плечиќ – модераторка на сесијата од UNDP, Слаѓана Начевски, програмска координаторка за унапредување на статусот на жените во Македонија, Женска акција – Радовиш, Лидија Илиевска, претседателка на Хуманитарно здружение Мајка од Куманово, Марија Дробњак, претседателка на Здружение за социјални услуги, Социо од Гостивар, Ивона Паунович Бишевац, национална координаторка на Програмата за родово-одговорно буџетирање во Канцеларијата UN Women во Скопје, беше и Снежана Санева коордиаторка за еднакви можности на Општина Штип.
Координаторката за еднакви можности зборуваше за начините на кои општината ги приоретизира проектите кои се реализираат со општинскиот буџет, односно консултативните механизми за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки кои се однесуваат на распоредувањето на буџетските средства на општината.
Покрај тоа, координаторката зборуваше и за повеќегодишната поддршка која Општина Штип ја добива од UN Women и за ефектите од таа поддршката, меѓу другото , за воведувањена родовата перспектива во програмите кои се донесуваат, формирање на Интерсекторска група за родова еднаквост како локален механизам за разгледување и обликување на програмите, следење на застапеноста на жените во разните тела и структури, менторска поддршка во изготвување на Стратегијата за родовата еднаквост на Општина Штип 2022-2025 и др.
На крај, таа го образложи начинот на кој општината финансира дел од родово-одговорните услуги. Од 2021 година, општината финансиски го поддржува Здружението на граѓани ЕХО, како давател на специјализирани услуги на жени и девојки, изложени на секаков вид на насилство. Преку поддршката на функционирањето на овој Центар за интегративен пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на секаков вид на насилство, општината всушност прави чекор кон решавање на проблемот на родовобазираното насилство во градот и регионот.