Ново Село
Составен дел на Штип е и Ново Село што се наоѓа на патниот правец кон Радовиш, во клисурата на река Брегалница, зад градскиот Исар. Станува збор за историско место, познато по престојот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, кој бил учител во училиштето во Ново Село. Тоа училиште минатата година е реконструирано и стана седиште на Ректоратот на…