Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина во ИПР беа поставени во сите општини од регионот. Со овие агрометеоролошки станици им се обезбедуваат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и за планирање на сите агротехнички мерки кои треба да ги преземат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат агрометеоролошките станици вршат мерење на температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата.
Средствата на проектот се обезбедени преку Програмата за одржлив и инклузивен, рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Информациите од агрометеоролошките станици се достапни преку апликацијата Meteobot и преку веб страницата www.agroistok.mk.