Општина Штип во рамките на подготвувањето на програмата за 39-то Штипско Културно Лето, објавува повик до сите заинтересирани за пријавување на проекти-програми од областа на културата кои одговараат на традицијата и реномето на оваа најстара манифестација. Пријавувањето се врши со Пријавен лист (формулар) кој пополнет се доставува во архивата на Општина Штип најдоцна до 15 Mарт 2024 година. Штипско Културно Лето и оваа година ќе се реализира во вообичаениот термин од последната недела од Јуни до крајот на Јули.
За детални информации: 078 47 26 99.