Заради лошата економската состојба и ниските примања на нашите пензионери, Општина Штип овозможи сите пензионери, секој петок бесплатно да користат јавен превоз, со цел да ги задоволат основните животни потреби.
Ова е само една од низата групи на граѓани, кои добиваат привилегии во користењето на јавниот превоз во Општина Штип, бидејќи нашите обврски, се наши приоритети!
Како одговорна локална самоуправа, се грижиме за сите категории на граѓани, вклучувајќи ги и постарите жители на нашиот град.