Во организација на Општина Штип се одржа Свечена академија по повод 5-ти Октомври-Светскиот ден на учителот.
На предлог на колективите во градинките, основните и средните училишта, денес беа доделени признанија и вредносни ваучери на просветни работници, кои со својата работа и лична заложба имаат особен придонес во воспитно-образовната дејност.
Нека е честит денот на учителите!
Останете посветени на вашата благородна мисија, бидејќи во околностите со кои се соочуваме, вашата улога е уште позначајна!