Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес се запозна со “Првенците на генeрацијата”, откако нашата општина за прв пат воведе финансиска поддршка за учениците кои постигнуваат резултати, нижат награди и признанија.
Од оваа учебна година се доделуваат награди и стипендии во износ од 400.000 денари, за учениците кои врз основа на своето залагање и постигнатите резултати, даваат посебен придонес во воспитно-образованата дејност.
Во рамките на поддршката на Општината во делот на образованието воведовме наградување на најистакнатите ученици
-Првенци во генерацијата со износ од 5.000 денари на девет најдобри ученици во основните и средни општински училишта.
Целосно и одговорно ќе се залагаме да ги мотивираме младите за да се изградат во зрели, едуцирани и цврсти кадри, кои ќе ја понесат иднината.