Веќе се отпочнати градежните активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ “Коле Нехтенин”.
Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, извршена е промена на целокупната електрична инсталација, поставени се нови санитарни елементи, како и целосна реконструкција на подот, ѕидовите и плафонот.
Со ваквите проекти значително ќе се подобрат условите за реализација на наставниот процес, согласно најсовремените стандарди и потреби на учениците.
Овој проект е во вредност од 2.600.000,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.