На вчерашната средба со Н.Е. Амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Бомгартнер, ги потврдивме нашите заложби за соработка и заедничка реализација на поставените цели.
Економскиот развој, образованието, културното наследство и добрите меѓусебни односи беа во фокус на нашиот продуктивен разговор.
Овој состанок ни даде добра основа за продлабочување на меѓусебните релации и активна комуникација за реализација на француската инвестиција, најголемиот соларен парк во регионот – Стипион.