Во периодот од 17 до 20 мај 2022 година,тројца претставници од Општина Штип учествуваа на Четвртата Конференција во градот Жембице, Република Полска, која се одржа во рамки на проектот Spring – solidarity in progress , финансиски поддржан од Европската Унија.
Во проектот учесучествуваат 7 држави: Италија, Полска, Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Франција. Целта на проектот е размена на искуства и најдобри практики во услови на криза.
Главен фокус на четвртата средба од проекот беше ставен на соработката помеѓу општините и волонтерството и како искуството и научените лекции можат да бидат корисни за справување со кризата.
Претставниците од Општина Штип имаа изготвено презентација за искуствата стекнати во текот на двегодишната пандемија.
Како позитивна практика од страна на Општина Штип беше презентирано функционирањето на мобилните тимови кои беа формирани за потребите на граѓните за време на ковид кризата. Истите беа формирани од волонтери од Црвен Крст и Општина Штип.
Беше отворена СОС телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓаните. Беа формирани и специјални мобилни тимови кои дистрибуираа онколошка терапија до домовите на лицата заболени од канцер.
На крајот на конференцијата беше најавено дека следната средба ќе се одржи во Општина Штип во периодот од 19 до 22 јули 2022 година. Темата на конференцијата ќе биде Здравствената заштита и соработка на здравствените институции со општината за време на ковид кризата.