Општина Штип ја информира јавноста дека согласно член 60 од Законот за основно образование од 01/03 мај до 31 мај 2022 г. започнуваат редовните уписи во прво одделение во петте основни општински училишта на децата родени од 01 јануари 2016 г. до 31 декември 2016 г. а по барање на родителот/старателот може да бидат запишани и децата родени до 31 јануари 2017 г.
При запишувањето на детето родителот/старателот е должен да ги достави следните документи за упис:
-извод од матичната книга на родените,
-потврда за примени задолжителни вакцини, издадена од надлежна здравствена установа,
-потврда од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа,
-потврда од офтомолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа,
При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна обрзовна, социјална и зравствена подршка според Меѓународната класификација на функционалности (МКФ) член 60 и 61 од став (3) на Законот за основно образование и наука.
Воедно ги информираме родителите дека согласно член 63 од Законот за основно образование, запишувањето на децата во петте основни општински училишта ќе се одвива со строго почитување на реонизацијата за упис.