Светскиот ден на лица со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 март. Во организација на ООУ „Ванчо Прќе“ денес Градоначалникот на Општина Штип даде поддршка на овој настан, преку обезбедување на наставно нагледни средства за учениците со Даунов синдром, а воедно и поддршка на организираната работилница на тема „Шарени чорапчиња“.
Градоначалникот истакна дека лицата со Даунов синдром се подеднакво исти како и другите и затоа е многу важно заеднички да се потрудиме да им се понуди поквалитетен живот за нивен напредок и допринос во општестото.