Градоначалникот на Општина Штип и директорот на ЈП Стипион 2011 извршија увид во градежните активности во населба 8ми Ноември. На местата каде што беа отстранети времените лимени гаражи ќе се изградат паркинг места, кои ќе го олеснат функционирањето и секојдневието на тамошните жители. Овој проект е еден од многуте кои ги ветивме и веќе ги реализираме. Ќе се изградат паркинг места на пет локации со површина од 2.600 метри квадратни во износ од над 3.000.000 денари – пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип.
Освен во оваа населба, вакви паркинг локации ќе има и во населбите Автокоманда и Сењак.