Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов оствари средба со најмладите надежни фудбалери на Академијата Постолов – Пандев по повод освојувањето на прво место на турнирот, кој се одигра во Сандански, Република Бугарија.
Градоначалникот посебно се гордее на вакви млади генерации, кои уште од мали несебично и амбициозно се вложуваат во спортот.