Денеска го одблежуваме 9 Мај, денот на победата на фашизмот и Денот на Европа.
Пред две години Штип беше домаќин на манифестација по повод денот на Европа, со што го најавивме нашиот пресврт од заробена држава кон стабилна функционална демократија, членка на ЕУ и НАТО.
Особено ме прави горд сликата на моите сограѓани како во 2018 година даваат поддршка за нашата иднина.
Денес, нашата држава е членка на НАТО, со тоа ја исполнивме првата стратешка цел.
Приклучувањето кон големото европско семејство, од мит, се претвора во реалност преточена преку почетокот на преговорите со ЕУ. Затоа, да ги вложиме нашите заеднички сили кои ќе ни обезбедат уште поцврста демократија, поголем потенцијал за напредок, побрз економски раст, поефикасно образование, пошироки можности за младите и подостоинствен стандард за пензионерите.
Во овие тешки времиња докажавме дека ги почитуваме принципите на ЕУ.
Покажавме заедништво, еднаквост, солидарност во справување со корона кризата.
Сеуште сме исправени кон предизвикот да ставиме крај на оваа криза.
Само заедно, сплотени и со поддршка на нашите партнери од ЕУ ќе ставиме крај и ќе продолжиме со нормализирање на наште животни процеси.
Изразувам најголема почит кон сите наши претходни генерации македонски граѓани кои извојуваа победа над фашизмот во 1945 година, а со тоа се стави и крај на Втората светска војна.
На сите вам во име на иднината и подобриот живот, сакам да ви го честитам 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.