Во соработка со компанијата ,,Пакомак’’ , а врз основа на потпишан Меморандум , денес во Општина Штип поставуваме контејнери за селектиран отпад-стакло.
Од денес ќе бидат поставени 30 вакви контејнери пред сите основни, средни училишта и детски градинки како и на повеќе фрекфентни локации во градот.
,,Досега имаме поставено вакви контејнери за електронски отпад а , во наредниот период ќе поставиме контејнери за селектиран отпад-пластика .’’
Градоначалникот Бочварски упати апел до граѓаните за вршење селекција на отпад затоа што живееме во ново време каде треба да ги почитуваме сите европски стандарди и препораки со цел да живееме во поздрава животна средина.
Денес ЈП –Исар чистеше кабест, габаритен отпад и градежен шут до контејнерите за одлагање на Комунален цврст отпад во строгиот центар на градот од несовесни граѓани.
Сите оние граѓани кои непрописно ќе одлагаат шут, ѓубре и со тоа ќе создаваат диви депонии ќе бидат казнети.