Вчера во Берово на манифестацијата “Најдоброто од истокот” во организација на здружението на новинари, на едно место во ова невообичаено време кое продолжува, а со цел на еден симболичен начин беа оддадени признанија на сите општествени чинители и ентитети кои на свој начин придонесуваат за унапредување на заедницата и регионот.
Во последните неколку години, источниот регион од земјава расте и се развива соодветно и правилно. Затоа и сите заеднички покажуваме способност и капацитет да се справиме со секакви предизвици, особено со предизвикот пред кој е исправено целото човештво, а тоа е пандемијата од вирусот COVID-19.
Важни се капацитетите и подготвеноста за брз и ефективен институционален одговор. Но, во екот на оваа пандемија се покажа дека особено важна е онаа човечка димензија на справување со предизвиците, односно солидарноста во постапките на секого.
Солидарноста треба да ја негуваме на индивидуално ниво, така даваме свој личен придонес за заедницата. Но, промовирањето на солидарноста како главен елемент во работата на институциите е уште поважна, затоа што така се поставуваат позитивни примери, но и се извишуваат стандардите за меѓусебна, меѓучовечка соработка. Институциите постојат за луѓето, па оттаму водењето по принципите на солидарноста и емпатијата се подразбира во функционирањето на овие правно регулирани колективи.
„Затоа особено ми е драго што токму Општината на чие чело сум, што токму градот којшто го водам, што токму Штип го носи епитети најсолидарен. Штип отсекогаш бил колевка на солидарноста, отсекогаш бил место во кое се подава рака секому кому му е потребно. Така и ќе продолжиме, затоа што знаеме дека тоа е правилно, дека на тој начин сме сигурни дека чекориме по прав пат.
Солидарноста е фундаментална човечка потреба. Таа е здраворазумен одговор на секоја криза.“ истакна градоначалникот Бочварски.
Општина Штип секојдневно ја покажува солидарноста кон секој еден граѓанин. Тоа го правиме преку масовните акции за дезинфекција на јавните простори, одржување на јавните добра, преку цврстата соработка со сите надлежни институции, како ЦЈЗ, Клиничка болница и Здравствен дом, преку цврстата соработка со сите други централни и локални институции, но и ревносно следење на мерките, испраќање апели до сите граѓани и настојување да се одржува ред и дисциплина во оваа работа.
Своето излагање при примање на признанието градоначалникот го заврши со благодарност до седмата сила
„Посебно сум благодарен, затоа што оваа награда доаѓа од новинарите, едни од најдобрите познавачи на политичките, општествените, здравствените, образовните и сите останати состојби во градовте ширум државата.
Вашиот глас е многу важен коректор на мојата работа, на работата на Општина Штип и целиот Источен плански регион. Убеден сум дека соработката која ја поставивме на едно високо ниво кое се базира на принципиелни основи, ќе продолжи и во иднина со цел заедно да изградиме поубаво општество со развиени градови и силен Источен регион.“