Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителката на сектор образование, лер и јавни дејности при Општина Штип, Билјана Казанџиска и директорот на ООУ „Гоце Делчев“ Штип, Трајче Димов остварија средба со директорот на Ромскиот образовен фонд, Реџепали Чупи и претставници од две невладини организации.
На оваа средба се разговараше за состојбата со пандемијата во општина Штип и за положбата на Ромите и искористувањето на фондовите со цел нивно помагање при образовниот процес.
Беа доделени 43 таблети на децата од основното образование кои ќе ги користат до крајот на август, а потоа ќе бидат вратени во училиштето за потребите на други ученици.
Овие таблети ќе помогнат децата од основното училиште да ги имаат основните услови за следење на наставата од дома, во услови на пандемија, а со тоа и заштита на здравјето на децата.
Градоначалникот Бочварски и директорот Чупи истакнаа дека оваа соработка е многу значајна и е од корист на децата во основно образование.
„Секој треба да ги има основните услови за следење на наставата и во вакви услуги на пандемија,“ беше пораката од градоначалникот Бочварски.
Директорот Димов истакна дека е благодарен на Општина Штип и на Ромскиот образовен фонд за оваа донација со што се помага образованието да тече и во услови на пандемија.
Освен овие 43 таблети во ООУ „Гоце Делчев“, дополнително ќе бидат доделени околу 20 таблети во средното училиште ЕМУЦ.