Денеска во организација на Општина Штип, доделени се наградите и признанијата за 19 декември – Денот на градот.
Поради протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, оваа година свеченоста се одржа во кабинетот на градоначалникот.
Добитници на наградите оваа година се:
– Мирко Наџаков – Фудбалер и педагог со своја богата спортска кариера.
– Кирил Барбареев – Редовен професор на Универзитет „Гоце Делчев“.
– Катица Жежова – Хуманист кој има дарувано повеќе од 80 пати крв.
– Добитник на свечениот орден „Свети Никола“ е г-динот Михаил Данев. Општественик политичар и стручнак кој со својот ангажман и делување одбечежа речиси половина век во Штип и Македонија.
На овој настан присутни беа, В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, претседателката на Совет на Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска како и новиот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов.
Добитниците на наградите истакнаа огромна благодарност за овие признанија кои се едни од повеќето во нивниот животен век.