Денес Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов го посети СОУ „Јане Сандански“ каде што се во тек активностите за реконструкција на санитарните јазли, инвестиција во вредност од 2.361.246,00 денари, обезбедени од буџетот на Општина Штип.
Досега во ова училиште е извршена целосна реконструкција на спортската сала, целосно е променет подот во сите училници со поставување на ламинат, обезбедени се голем број нагледни средства, интерактивни табли, проектори и училишни материјали со цел подигање и унапредување на воспитно образованиот процес.
И оваа година ќе продолжиме да инвестираме во ова училиште со набавка на информатичка опрема, санација и адаптација на кабинетите и уредување на училишниот двор.
За сите овие активности се планирани околу 8.000.000,00 денари, средства од буџетот на Општина Штип.