Работната недела Градоначалникот ја започна со интензивни состаноци со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, изведувачот и надзорот на браната Отиња.
Заедно ги испланираа тековните активности за работата да се одвива непречено.
Со овој капитален проект вреден 5 милиони евра, Штип добива сигурен превентивен одговор на поплавите и се отвораат бројни можности за економски развој и напредок како што доликува на една модерна и европска општина која се грижи за сите граѓани и за природата.