Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на Република Северна Македонија со кој се забранува движење на целата територија на државата од понеделник до петок од 19 часот до 05 часот, како и забрана за движење од сабота од 15 часот до понеделник до 05 часот, и Одлуката на Владата за изменување на работно време за вработените во јавниот сектор, вработените во општинската администрација при Општина Штип почнувајќи од понеделник 27.04.2020 година започнуваат со редовно осум часовно работење односно од 07 и 30 часот до 15 и 30 часот.
СПОДЕЛИ