Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до сите верници од исламската вероисповед, во која се вели:
„Почитувани сограѓани,
Дозволете ми во мое и во име на Општина Штип да ви го честитам верскиот празник, со желби за многу успеси.
Во моменти кога нашиот град и нашата држава минуваат низ тешки мигови и искушенија, меѓусебното почитување и почитување на различностите е знак дека цврсто чекориме по патот на едно општество за сите.
Во овие моменти на пандемија, посакувам многу здравје на сите вас.
Да ги почитуваме мерките и препораките, а со тоа да се заштитиме себе си и сите околу нас.
Ќе дојдат подобри времиња, кога овие празнични мигови ќе може да ги минуваме собрани со семејствата и во верските објекти, а до тогаш да покажеме општествена одговорност, за доброто на сите нас.
Почитувани пријатели,
Имајте пријатни празнични мигови, исполнети со многу љубов и семеен мир,“ стои во честитката од Бочварски.