Партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци

Општина Штип продолжува со партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци на ул. ,,Христијан Карпош” со нови павер елементи, осветлување и урбана опрема. Овој проект е во вредност од 900.000 денари, сретства обезбедени од Буџет на Општина Штип. Со ваква динамична реализација на ветените проекти ќе се продолжи и во наредниот период…