Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов им го честита празникот Богојавление на граѓаните.
“Да погледнеме во себе си, да го најдеме најдоброто во нас и несебично да го делиме со другите.
Денеска св.Јован во реката Јордан го крсти Исус Христос, и со тоа крштевањето станува една од светите тајни во христијанството.
Овој празник, значи духовно раѓање и верба во заедништво.
Нека е честит празникот Богојавление, добро здравје и среќа на сите.
Бог се јави, навистина се јави !”