Поради преземената акција од страна на Општина Штип за отстранување на сите неовластено поставени објекти (гаражи, голубарници, шупи и други слични објекти) на јавна површина, упатуваме апел до граѓаните на општината за навремено и целосно отстранување на овие објекти, доколку претходно се известени со опомена во рок од 15 дена од комунална инспекција при Општина Штип.
Доколку споствениците не ги отстранат овие бесправно поставени објекти во предвидениот рок, Општина Штип со ЈП Стипион ќе извршат отстранување на истите, со што сопствениците ќе имаат дополнителни трошоци кои ќе им бидат фактурирани на нивна сметка во износ од 12.500 денари по ценовникот на ЈП Стипион и поднесување на мандатен платен налог од страна на комуналната инспекција во износ од 50 евра.
Ви благодариме на соработката.