Вчера, 26.08.2021 Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов присуствуваше на завршниот настан што се одржа пред патеката на средновековната црква Св. Власие.
На настанот беа презентирани резултатите од заедничкиот проект , во чии рамки е направен пристап и конзервација на средновековна црква Свети Власие, во состав на археолошкиот локалитет Исар во Штип.
Со реализацијата на овој проект, Штип и целиот Источен регион добија уште еден локалитет којшто ќе служи во полза на туризмот, истовремено покажувајќи дека се грижиме за нашето културно наследство, оставајќи го во аманет на идните генерации.
Водечки партнер на проектот е Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, а како проектен партнер 2 се јавува Центарот за развој на Источен плански регион.
Ова покажува дека општина Штип има капацитети и успешно спроведува иновативни проекти по Програмата за прекугранична соработка.