Денеска на пладне градоначалникот го посети вакциналниот пункт во Здравствениот дом “Панче Караѓазов” во Штип, каде се вакцинираат како што е препорачано, лицата над 77 години и кои се хронично болни.
Вакцинацијата со АстраЗенека во Штип се одвива без проблеми согласно сите препораки и протоколи. Вакцинацијата е клучна во борбата против Ковид 19.
Градоначалникот разговараше со Марија Димитровска, Началник на микробиологија и епидемиологија, Снежана Трајковска, Директорка на здравствен дом – Штип и здравствени работници кои се дел од спроведувањето на вакцинацијата. Исто така градоначалникот им укажа на граѓаните дека и покрај примањето на вакцината треба да продолжат да носат маски и да одржуваат дистанца.
Апелираме до граѓаните да носат маска, држат дистанца и да не се групираат. Да останеме одговорни!!