Денеска в.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на ЈП „Исар“ извршија увид во завршните активности за партерно уредување на местото Аргач во централното градско подрачје.
Се работи за 600 метри квадратни површина која е партерно уредена со поставување на нови клупи, корпи за отпадоци, бехатон, канделабри и декоративни садници.
„Ова е заедничка инвестиција на Општина Штип и ЈП „Исар“ која чини околу 1,8 милиони денари, а дополнително Општина Штип на овој потег во градот извши санација на паркинг просторот, инвестиција која чини 400.000 денари, со што вкупната вредност на инвестиција во овој дел од градот е 2,2 милиони денари,“ истакна в.д. Градоначалникот на Општина Штип.
Директорот на ЈП „Исар“ истакна дека ваквите уредувања даваат нови катчиња за градот и граѓаните. Дополнително вакво партерно уредување јавното претпријатие Исар реализираше и во населбата Автокоманда во близина на градскиот пазар.