Спортско рекреативниот центар Брегалница добива нов и модерен лик за граѓаните на општина Штип.
Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беа на увид во градежните активности за изградба на нови пристапни улици до аква паркот и целиот спортско рекреативен центар.
„Се работи за изградба на повеќе пристапни улици со должина од 490 метри и инвестициона вредност од околу 3,2 милиони денари.
Покажуваме пример за добра со работка со бизнис секторот во корист на граѓаните и наскоро овој дел од градот ќе добие нов и модерен лик со повеќе содржини,“ истакна заменик градоначалникот на Општина Штип, Миланов.
Министерот Бочварски упати поддршка за ваквите инвестиции.
„Секогаш кога ќе се служуваат вакви градежни активности ќе бидам на терен да дадам поддршка во насока на интензивирање и развој на градот,“ истакна Бочварски.
Овој спортско рекреативен центар Брегалница покрај аква парк ќе добие и хотел како и мол и ќе биде привлечна дестинација за посета не само на штипјани туку и на останатите граѓани од државата.