В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов извршија увид во работните активности за реконструкција на спортската зала во СОУ „Коле Нехтенин“.
После подолг период започнати се работни активности кои опфаќаат замена на под, замена на прозори и ново осветлување на спортската сала во средното училиште Коле Нехтенин.
„Задоволен сум од динамиката на работните активности за целосна реконструкција на оваа спортска сала.
Како градоначалник но и како професор кој потекнува од ова училиште ја знам потребата од овој зафат.
Се работи за инвестиција од околу 7,5 милиони денари и површина од околу 1100 метри квадратни,“ истакна Миланов.
Директорот Павлов потенцираше дека после подолг период средното училиште ќе добие нова сала, секако во корист на сите спортисти.
За оваа година ова е трета ваква инвестиција од поголем обем, односно по реконструкцијата на котелот за греење, кровот на училиштето, во тек е и реконструкција на спортската сала.