Почитувани граѓани,
Со особена гордост ве информираме дека, во заедничка соработка со граѓанското здружение „Хендикеп Плус“, Општина Штип станува втората општина во државата која обезбедува Статут на знаковен јазик, достапен преку официјалната веб-страница на Општината.
Оваа иницијатива е реализирана во рамки на проектот „Пристапна и отворена општина“, што го спроведува Здружението за лица со попреченост „Хендикеп Плус“. Целта на проектот е да се креира модел за јакнење на сите чинители во заедницата со цел промовирање и имплементација на инклузивни политики.
Со оваа активност, Статутот на Општина Штип сега е достапен и за лицата со оштетен вид и оштетен слух, овозможувајќи еднаква информираност и пристап до основните документи на локалната самоуправа за сите граѓани.
Општина Штип продолжува да ги унапредува принципите на пристапност, еднаквост и инклузија, во насока на изградба на општество еднакво за сите.
Со почит,
Општина Штип
Општина Штип



