Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со Кристина Ампева од здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, во однос на новонастаната состојба и превземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел ставање под контрола на овој нов бран на Ковид-19.
Од денеска започна проширено тестирање на над 500 вработени од текстилните компании и запирање на работниот процес со цел заштита на граѓаните.
Тестирањето ќе трае и во тек на наредните неколку дена. Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови. Со заеднички сили и со почитување на мерките за заштита ќе успееме да се справиме со овој втор бран на Ковид-19 во Штип.