Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов оствари средба со Амбасадорката на Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.
Ова е прва посета на хрватската амбасадорка во Општина Штип, а воедно и прва средба од ваков тип на заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов.
Амбасадорката истакна дека и претставува огромна чест што денеска е во Општина Штип.
„Имав чест да разговарам со заменик градоначалникот на Општина Штип за можностите и соработката помеѓу Северна Македонија и Хрватска, а воедно и со Штип.
Разговаравме за соработка на повеќе теми.
Хрватска е поддржувач на Република Северна Македонија на патот кон Европската унија,“ истакна амбасадорката Тигањ.
„Имам чест да остварам средба со хрватската амбасадорка во Република Северна Македонија и да ја запознаам со можностите и знаменитостите на нашиот град.
Огромна благодарност за укажаната чест и желбата за понатамошна соработка.
Секако овде го потврдивме долгогодишното пријателство помеѓу Штип и Сплит,“ истакна заменик градоначалникот.
Амбасадорката го посети мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ кадешто имаше можност да се запознае со животниот пат и постигнувањата на нашиот прв претседател, Киро Глигоров.